Кога парите не се проблем, Гвардиола на Реал му плаќа 30 милиони евра за резерва

by
1 минути читање

Поголемиот дел од клубовите во Европа имаат ограничени буџети за засилување, но ситуацијата вo Англија е сосема спротивнa.

Парите не се проблем за премиерлигашите, особено не за Манчестер Сити кој има богати сопственици.

Често се плаќа повеќе од што треба, и веројатно таков е случајот и со последниот трансфер кој се најавува.

Марка пренесува дека „Граѓаните“ се блиску до ангажман на Данило во зделка вредна помеѓу 30 и 35 милиони евра.

Манчестер Сити минатата недела веќе го ангажираше Кајл Вокер за фантастични 50 милиони фунти (околу 60 милиони евра), па во основа Гвардила плаќа 30 милиони евра за играч кој ќе биде резерва.

Бразилецот всушност ја грее и клупата во Реал Мадрид, игра само кога Карвахал е повреден, а и кога добива шанса не импресионира, па изминатата сезона често беше исвиркуван од сопствените фанови на Сантијаго Бернабуе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани