По 10 години Лукас Леива замина од Ливерпул, неговиот нов клуб е Лацио

by
1 минути читање

Откако ги помина медицинските тестови, Лукас Леива стави потпис на договор со Лацио кој го откупи од Ливерпул за сума од 5,5 милиони евра.

Леива десет години беше член на Ливерпул и имаше 346 настапи за „црвените“.

„Ливерпул како клуб и Ливерпул како град се посебни места. Поинакви од секаде“ – изјави Леива за официјалната страна на Ливерпул.

„Фановите се голем дел од клубот, веројатно најважниот дел и без нив Ливерпул нема да биде истиот клуб“.

„Благодарам за сета поддршка, особено во тешките периоди, таа ми значи многу. Сите знаеме дека фановите на Ливерпул се посебни и тие секогаш беа тука за мене“.

„Секогаш ќе го гледам и ќе навивам за Ливерпул и сигурен сум дека ќе се вратам да го посетам градот и пријателите и да гледам некои натпревари во иднина“.

Леива во Лацио доаѓа како замена за Лукас Биља кој премина во Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани