Јуве се откажа од Шик, од Сампдорија порачаа: Сега ќе го продадеме за 40-50 милиони евра

by
2 минути читање

Минатиот месец,
„Старата Дама“ ја доби битката со Интер за потписот на 21 годишниот напаѓач,
Патрик Шик.

Чехот важи за еден
од најталентираните фудбалери во Серија А, и Јувентус за неговите услуги
требаше да плати 30 милиони евра.

Играчот дури го
напушти тренинг кампот во Полска за време на Европското првенство за играчи до
21 година и со приватен авион пристигна во Торино на лекарски прегледи.

Но вечерва
пристигна потврда дека Јувентус се откажува од намерата да го купи Петрик Шик.

Медиумите пренесуваат
дека на првиот лекарски преглед била утврдена срцева мана кај напаѓачот, па
затоа врз него бил извршен и втор преглед, кој донел резултати кои не им се
допаднале на лидерите на Јувентус.

Јувентус се
обидел да ги промени условите под кои ќе се реализира трансферот, Сампдорија ја
отфрлила оваа можност, па двата клуба решиле да ја откажат зделката.

Првиот човек на
Сампдорија е бесен, но не и премнгоу загрижен, вели дека играчот сега вреди
помеѓу 40 и 50 милиони евра.

„Ќе го продадеме
на еден од четирите клубови кои беа подготвени да го купат“
– вели Масимо
Фереро.

„Неговата
клаузула повеќе не важи, па наместо да го продадеме за 30 милиони евра, цената
сега ќе биде 40-50 милиони евра
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани