Касано закажа прес конференција да каже дека ќе се пензионира, па се предомисли: Уште ќе играм

by
1 минути читање

Италијанските медиуми објавија дека Касано по само осум дена откако потпиша за Верона ќе се пензионира, а таквата одлука тој требаше да ја потврди на прес конференцијата.

Новинарите дојдоа на пресот, а наместо да објави пензија, Касано изјави дека се предомислил и ќе продолжи да игра.

„Утринава имав тежок период, бев уморен, имав средба со директорот Филипо Фуско и му реков дека сакам да прекинам“ – изјави Касано.

„Но мојата сегашна одлука е да продолжам да играм, имав момент на слабост. Размислив убаво, ми помогнаа и сопругата и директорот на клубот“.

„Сакам да го надминам ова, утринава се чувствував лошо, ми се случувало и друг пат. Но сега сакам да го продолжам предизвикот и сигурен сум дека ќе победувам“.

„Знам дека одлуката што ја донесов за пензионирање беше луда, сега сакам само да имаме добра сезона со Верона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани