Тоа e Касано: Пред осум дена потпиша за Верона, сега одлучил да се пензионира

by
0 минути читање

Минатата недела Касано потпиша договор со Верона откако во минатата сезона не одигра ниту еден меч за Сампдорија поради проблеми со раководството на клубот.

Но фудбалерот кој е познат по својот проблематичен карактер, повторно ќе ја шокира јавноста со тоа што ќе објави повлекување од фудбалот.

Според „Газета дело Спорт“, Касано ќе ја напушти Верона поради фамилијарни причини, бил носталгичен.

Касано настапи на два подготвителни натпревари за Верона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани