85
Голем скандал го тресе шпанскиот фудбал, утрово е уапсен првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија, Анхел Марија Виља, кој на оваа функција е од 1988.
Приведен е и неговиот син Горка, како и потпретседателот за финансии на ФФШ.
Сите се товарат за финансиски криминал, односно корупција, проневера на пари, фалсификување документи и обезвреднување на имот.
Се говори дека под истрага се и два натпревари на „Црвената фурија“, од кои корист имале приведените лица.
Се работи за пријателските средби со БиХ и Јужна Кореја.