Милан одредил кој играчот е прва желба за засилување на нападот

by
1 минути читање

Милан сака да
донесе звучно име во нападот за крај на реконструкцијата на составот ова лето.

Алваро Мората,
Пјер Емерик Обамејанг и Андреа Белоти се на листата со желби.

Добро
информираниот новинар Џанлука Ди Марзио вечерва објави дека „Росонерите“
одлучиле кој од овие три имиња е приоритет.

Изборот паднал на
Андреа Белоти, популарниот „Петел“ е прва желба и сега Милан ќе се обиде да се
договори со Торино.

Напаѓачот има
откупна клаузула од 100 милиони евра која важи само за клубови од странство.

Минатата недела
се говореше дека Милан е подготвен да понуди 40 милиони евра, плус услугите на
Палета и Нианг како и позајмица на Локатели.

Последните
извештаи велат дека предлогот на „Росонерите“ ќе биде 50 милиони евра плус
Нианг и Локатели.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани