Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Лил во Лигата на шампионите со 1-0.
Критиките во шпанската јавност се огромни, а „Марка“ го опиша натпреварот како можеби најлош за Реал во последните три години. Во Франција не беше првиот човек Флорентино Перез, но беше директорот Хозе Анхел Санчез кој наместо претседателот беше во соблекувалната по натпреварот. Според шпанскиот медиум се слушнале зборовите „Го допревме дното, тука ништо не функционира“, од страна на некој во таборот на мадриѓани.
Како проблем се наведува фактот дека Лил сериозно го наттрча европскиот првак, со дури седум километри повеќе на вкупната бројка. Исто така, загрижува и интензитетот на спринтовите кој недостигаше кај „кралевите“.
„Алармот е запален и време е за реакција. Повеќе не е прашање на резултати, туку имиџот на клубот“, заклучи шпанска „Марка“.