„Милан Македонија“ беа дел од „Денот на италијанскиот спорт“: Добро го испочитувавме настанот во Скопје!

by 24 фудбал
9 минути читање

Во неделата во Скопје се одржа настан на стадионот „АРМ“ со кој се одбележа „Денот на италијанскиот спорт во светот“. Дел од овој настан беше министерот за спорт Борко Ристовски, како и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Италијанската амбасада по овој повод ги повика фан-клубовите на најголемите италијански клубови кои постојат во земјава. Еден од гостите беше и фан-клубот „Милан Македонија“, кој ги изложи своите материјали сработени низ годините, албум од фотографии и сеќавања…

Ние како фан-клуб постоиме од 2007 година. Нашите први собири беа токму пред 17 години, а првиот заеднички проследен натпревар беше против Венеција. Оттогаш функционираме како фан-клуб на Милан на просторите на Македонија, имаме редовни членови и пакети со материјали брендирани со клупските бои и нашите обележја. Како фан-клуб имаме повеќе организации за заедничко гледање на натпреварите како во Македонија, така и во живо на „Сан Сиро“. Првото наше организирано гостување во Милано беше во 2010 година и тоа во дерби натпреварот против Јувентус. Како навивачка групација фигурираме и во официјалната организација навивачи на Милан во Италија – АИМЦ.

Сакаме да нагласиме дека ни е чест и задоволство што бевме повикани од страна на Италијанската амбасада во Скопје да бидеме гости и да ги изложиме нашите реквизити на овој настан. Мислам дека добро го испочитувавме „Денот на италијанскиот спорт во светот“ со овој настан во Скопје“, ни изјавија од фан-клубот „Милан Македонија“.

Освен свечената церемонија, се одржа и турнир во мал фудбал меѓу фан клубовите, а се одигра и натпревар меѓу младинските школи на Брера и Работнички. Присутни на настанот беа и фан клубови на останатите најпознаит италијански клубови како Јувентус, Интер, Рома, Лацио…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани