Газдата на Милан негодува: Навивачите си мислат дека се сопственици на клубот

by bojan
1 минути читање
Милан

Првиот човек на Милан, Гери Кадинале изрази негодување од начинот на кој функционираат работите во Калчото, вели дека навивачите си мислат дека се сопственици на клубот и покрај тоа што не вложуваат никакви пари.

Милан лошо ја почна новата сезона, но синоќешната победа во градското дерби против Интер ја врати насмевката кај „росонерите“.

Зборувајќи со новинарите, првиот човек на клубот, Гери Кардинале изрази негодување од начинот на кој функционираат работите во Калчото.

„Не сум видел ништо слично, на пример во Америка, оние кои ги купуваат клубовите и вложуваат пари, тие се сопственици. Во Италија, навивачите сметаат дека тие се газди на клубот, па треба да работиме за да го задоволиме овој концепт“ – вели биснисменот од САД.

Тој потоа додава: „Ми се чини дека моите пораки не допираат до навивачите, па нема да им кажувам ништо се додека не освоиме нешто, бидејќи очигледно тоа е најважното“.

„Секако дека се што правиме, правиме за да победуваме, но нема да трошиме како Арапите, ќе трошиме на интелигентен и иновативен начин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани