105
Првото коло од новиот формат во Лигата на шампионите екипата на Динамо Загреб нема да го памети по добро бидејќи на хрватскиот гигант му се случи историски дебакл од 9:2 против Баерн Минхен.
Динамо во тој натпревар стана првата екипа која во Лигата на шампионите примила девет погодоци.
Можеби звучи чудно, меѓутоа не може да се каже дека во овој натпревар лош беше голманот на Динамо, Иван Невестиќ, напротив тој е голман кој по бројот на одбрани е најдобар во првото коло.
Невестиќ против Баерн собра десет интервенции со што е на врвот помеѓу своите колеги. Зад него следи Доминик Талкач од Слован Братислава со 7 интервенции, додека по шест имаат Тер Штеген и Тибо Куртоа.