Стартува новото издание на Лигата на шампионите, како ниту едно претходно. Групната фаза заминува во историјата, од оваа сезона УЕФА воведе лигашки систем и потоа плеј-оф во битката за трофејот. Бројот на натпревари се зголемува за речиси 50%, наместо 125 колку што имаше досега ќе се играат 189 меча. Тоа значи дополнителни возбудувања за гледачите, повеќе пари за клубовите, но и многу повеќе замор за фудбалерите.
Се менуваат работите во елитниот европски фудбал, сите клубови наместо по шест меча во главната фаза ќе играат по осум и тоа против различни противници. Паровите ги одредуваше супер-компјутер и различни се за сите клубови, а тоа носи дополнителна возбуда. По крајот на осумте рунди, најдобропласираните осум екипи одат директно во осминафинал. Оние рангирани од деветтото до 24. место ќе разигруваат во дополнителен плеј-оф двомеч.
Првото коло е раширено во три дена, ќе се игра во вторник, среда и четврток по шест натпревари.
- Парови за првото коло во Лигата на шампионите:
17 септември
Јувентус – ПСВ (18:45)
Јанг Бојс – Астон Вила (18:45)
Милан – Ливерпул (21:00)
Баерн – Динамо (21:00)
Реал Мадрид – Штутгарт (21:00)
Спортинг – Лил (21:00)
18 септември
Болоња – Шахтјор (18:45)
Спарта Прага – Салцбург (18:45)
Селтик – Слован (21:00)
Клуб Бриж – Борусија Дортмунд (21:00)
Манчестер Сити – Интер (21:00)
ПСЖ – Жирона (21:00)
19 септември
Црвена Звезда – Бенфика (18:45)
Феенорд – Баер Леверкузен (18:45)
Аталанта – Арсенал (21:00)
Атлетико Мадрид – РБ Лајпциг (21:00)
Брест – Штурм Грац (21:00)
Монако – Барселона (21:00)