Нов гостински кикс на првакот, Монца му откина бодови на Интер (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерие на Монца успеаја да направат подвиг и на својот „Бриантео“ останаа непоразени од екипата на Интер (1-1).

Долго време овој натпревар беше приспивно реми без погодоци, но актерите се разиграа и разбудија во завршницата. Практично сè што вредеше да се издвои се случи во завршницата од средбата.

Прво до предност успеа да дојде Монца, преку крилниот напаѓач Дани Мота. Тој со глава одлично го матира Зомер во 81. минута.

Интер не се откажа и до крајот стигна да израмни преку Дензел Дамфрис. Иако имаше уште шест-седум минути за игра со продолжението, резултатот не се менуваше.

Ова беше втор кикс на Интер сезонава, на второто гостување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани