190
Дани Карвахал се надева дека наскоро ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид, а доколку тоа не се случи ќе замине од Европа.
Карвахал потекнува од школата на Реал Мадрид, пред да почне да игра за првиот тим на кралскиот клуб, една сезона настапуваше за Баер Леверкузен, а од 20213 е член на сениорскиот тим на шпанскиот гигант.
32-годишниот десен бек е еден од главните фудбалери на Реал Мадрид и се надева дека ќе продолжи да го носи белиот дрес.
„Никогаш не би играл за друг клуб во Европа од почит кон Реал Мадрид“, вели Карвахал.
„Ако сите страни се согласат, сакам да го продолжам договорот со Реал Мадрид, тоа е нешто што отсекогаш сум го сакал, а го сакам и сега“.