Реал Мадрид остана без талентираниот Пауло Јаго, 17 годишното момче реши да се пресели во Португалија, во редовите на Спортинг Лисабон.
Пауло Јаго има преку 200 погодоци во младинските категории на Реал Мадрид, многумина го нарекуваа „Ламин Јамал“ од Ла Фабрика, но наместо блесок во првиот тим, момчето заминува.
Тој се реши за авантура во Португалија, во редовите на Спортинг Лисабон.
„Среќен сум што потпишав за Спортинг бидејќи овој клуб креираше ѕвезди како Кристијано Роналдо и Луис Фиго“ – вели Пауло Јаго.
„Заминувам со доза на разочараност бидејќи не го остварив сонот. Тешко ми беше да ја донесам оваа одлука, и ме боли, не само поради тоа што заминувам, туку и поради начинот на кој заминувам. Во моментов нема да откривам кои се причините, но во иднина ќе ги појаснам работите“.