Деко објасни зошто Барселона го купила Олмо наместо Нико Вилијамс

by bojan
1 минути читање
Дани Олмо

Спортскиот директор на Барселона, Деко објасни зошто изминатово лето го купиле Дани Олмо наместо Нико Вилијамс, така добиле повеќе опции во средниот ред.

„Каталонците“ изминатово лето силно се поврзуваа со ангажман на Нико Вилијамс, но крилото на крај остана во Атлетик Билбао, а Барселона го купи Дани Олмо.

„Го ангажирвме Дани Олмо бидејќи немаме играч од негов калибар во средниот ред“ – вели спортскиот директор Деко.

„Не го ангажиравме Нико Вилијамс бидејќи го имаме Рафиња, Феран Торес, Ансу Фати, Ламин Јамал, а можат да покријат и Фермин и Олмо“.

„Дани Олмо ни дава повеќе опции наместо да ангажираме плус едно крило“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани