Челси по повеќе од еден век сака да си оди од „Стемфорд Бриџ“!

by 24 фудбал
1 минути читање

Управата на Челси планира да изгради нов стадион и клубот да го пресели од „Стемфорд Бриџ“ во нов дом.

Иако традицијата на „сините“ е врзана со култниот стадион и атму играат од 1905 година, тоа на Американците не им е гајле. Тие сакаат нов, модерен објект кој ќе носи дополнителни приходи освен оние од билети за натпреварите.

Новите стадиони сега се градат со многу можности и пропратни објекти. Тоа гарантира повеќе пари од евентуална продажба или издавање на истите објекти, а таква можност на стадиони како „Стемфорд Бриџ“ нема.

Според англиските медиуми сопственикот на Челси, Тод Боели веќе тргнал во преговори со своите партнери околу изградба на новиот стадион, на нова локација. Административната постапка е во почетна фаза и сопствениците на клубот мора да добијат зелено светло од градот.

Во 2015 година постоеше проект и две години подоцна стигна одобрение за Челси да добие нов стадион, но според тој проект требаше да се гради на истата локација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани