Репрезентацијата на Хрватска вчера ја победи Полска со голот од слободен удар на Лука Модриќ.
Модриќ на маестрален начин ја затресе мрежата на Полска, а големи пофалби за хрватскиот ветеран по мечот имаше напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски.
„Хрватска одигра добро со топката во нозете, а во второто полувреме ние направивме грешка и примивме гол од слободен удар. Потоа нив им беше полесно да играат, Модриќ погоди од позиција која беше блиску до голот. Некогаш е потешко да постигнете гол од такви ситуации, но неговиот удар беше совршенство. Нашиот голман воопшто не ја ни виде топката. Беше тешко да претпостави дека ќе погоди на тој начин“, изјави Левандовски.
Инаку, Модриќ токму денеска го прославува својот 39. роденден, а вчера го одигра својот 180. натпревар во репрезентацијата и од европските репрезентации само Роналдо (213), Рамос е исто така на 180.