Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година веројатно ги загуби квалификациите за Европското првенство поради лошите резултати.
И покрај тоа, пред избраниците на Драги Канатларовски е натпревар кој мора да се добие, па во какви сака услови, ситуација на табелата и во било кое време се игра. Се работи секако за гостувањето во Гибралтар, каде што нашите младинци мора да триумфираат и да покажат образ барем за следните циклуси.
По срамниот пораз од Холанѓаните во Алмере, каде што пет пати нашиот голман ја вадеше топката од мрежата, а притоа и Македонија ниту еднаш не шутна кон противничкиот гол, сега сè освен победа ќе биде катастрофа.
Една од двете победи на Македонија во оваа група беше токму против Гибралтарците, а сега и на гостувањето на „Европа поинт“ во 13:00 мора да се повтори резултатот од Скопје.