117
Македонската фудбалска репрезентација се упати кон следната своја дестинација, а тоа е Торшавн каде што против Фарски Острови ќе го отвори новото издание на Лигата на нациите.
На повеќе од 48 часа пред натпреварот Благоја Милевски и неговите избраници заедно со делегацијата од скопскиот аеродром со чартер лет отпатуваа кон Торшавн. Фудбалерите и стручниот штаб ќе имаат доволно време за аклиматизација и стабилизирање на фарските услови.
За попладнево во 19:30 часот е закажан првиот тренинг на стадионот „Торсволур“. Исто така Македонија ќе го има и официјалниот тренинг в петок во 13:00, а мечот се игра в сабота во 15:00.