140
Матс Хумелс стави потпис на договор со Рома, откако доаѓа во Рим како бесплатен агент.
35-годишниот дефанзивец по својата втора авантура во Борусија Дортмунд бесплатно доаѓа во „вечниот град“ и стави потпис на договор со „волчицата“. Хумелс го задолжи дресот со број 15 и веќе тренираше со новиот клуб и соиграчи.
Хумелс ја започна кариерата во младинскиот тим на Баерн Минхен, меѓутоа млад се пресели во Борусија Дортмунд. Потоа во 2016 година се врати во таборот на баварците и настапуваше до 2019 година, кога пак се врати во таборот на „милионерите“. Минатата сезона тој беше одличен во дресот на Борусија и ќе внесе искуство во тимот на Де Роси.