Тод Боели по доаѓањето на кормилото на Челси, откако го купи клубот од Роман Абрамович, а оттогаш потроши околу 1,4 милијарди евра на засилувања.
Многумина се чудат како Челси останува во рамките на Финансискиот Фер Плеј, а троши неброено, додека други клубови се казнуваа за многу помалку. Првичната идеја на сопствениците се долгите договори. Тие им даваат на фудбалерите договори на седум, осум, па дури и девет години и со тоа сумата за трансфер и плата се амортиризира низ годините, избегнувајќи ги проблемите со ФФП во моментов.
Покрај тоа, во месец април Боели имаше една спорна продажба на свои два хотели, кои практично си ги продаде сам на себе. Тој ги продаде хотелите меѓу две свои сестрински фирми и поради тоа беше под истрага. На тој начин Тод Боели успеа да амортизира профит од преку 70 милиони евра, односно да ги „испегла“ книгите за ФФП.
Сега, Премиер лигата му ја одобри продажбата и нема тоа да го пријави до УЕФА како нелегално. Челниците на лигата ја завршија истрагата и утврдија дека таа е согласно правилата, колку и да делува спорно.