Рома тргна по Деулофеу, неговиот агент испрати јасна порака

by
2 минути читање

Рома ја
официјализираше продажбата на Мохамед Салах, Египјанецот за сума од 45 милиони
евра премина во редовите на Ливерпул, па тимот од Рим сега ќе мора да биде
мошне активен на трансфер пазарот во Европа да ја пополни празнината на
офанзивната крилна страна.

Се чини дека калчолигашот
веќе го пикираше шпанското крило Жерард Деулофеу како прв избор во однос на
оваа позиција.

Медиумите во
Италија пренесуваат дека новиот тренер на Рома, Ди Франческо нема намера да ја
промени класичната формациска поставеност (4-3-3) и ќе продолжи со истата каде
што застана неговиот претходник Лучијано Спалети, која донесе одлични резултати
ланската сезона, барем кога станува збор за офанзивната игра на тимот.

Вреди да се
напомене дека Деулофеу по одличните настапи во Милан, се враќа во Евертон, од
каде беше позајмен. Шпанецот има важечки договор со премиерлигашот до 2018. година,
но јасно е дека ќе биде мошне комплицирана неговата борба за место во тимот.

Дека Рома е во
позитивна позиција во однос на оваа трансфер желба, говори и изјавата на Гинес
Карвахал, агентот на
23 годишниот
фудбалер.

Сеуште има време
да размислиме убаво за иднината на мојот фудбалер, но би сакал да истакнам дека
Рома е голем клуб, одлично е клуб како Рома да пријавува интерес за некого,
голема привилегија
“ истакна Карвахал со што се чини дека даде зелено светло за
старт на преговори помеѓу обете страни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани