Баерн Минхен сериозно тргнува по потписот на Ентони Гордон, но германскиот гигант не планира да ја плати сумата што ја бара Њукасл Јунајтед.
Според германските медиуми, крилниот напаѓач е една од главните трансфер желби на Баерн за летниот преоден рок, а клубот веќе постигнал договор со фудбалерот околу личните услови.
Сепак, проблем претставува обештетувањето кое го бара Њукасл. Англискиот премиерлигаш наводно бара околу 86 милиони евра за продажба на Гордон, кој има договор до 2030 година.
Во Минхен сметаат дека таа сума е превисока, па подготвиле значително пониска понуда. Првичниот план бил преговорите да започнат со 60 милиони евра, додека максималната граница што Баерн е подготвен да ја плати изнесува 70 милиони евра.
Поради големата разлика меѓу двете страни, засега останува неизвесно дали трансферот ќе се реализира во текот на летото.