Грузиецот Квича Кварацхелија во вчерашниот натпревар против Барселона во Лигата на шампионите заработи повреда по која го чека долга пауза и сезоната за него е завршена.
Меѓу бројните пораки за поддршка што ги доби од спортскиот свет, особено се издвои онаа од Кристијано Роналдо, кој во стилот на голем шампион му испрати емотивна порака на помладиот колега.
„Најтешките битки во фудбалот често се оние што никој не ги гледа. Го знам тоа чувство, Квара. Никогаш не заборавај што те донесе дотука и не дозволувај еден тежок момент да те натера да се сомневаш во тоа колку далеку можеш да стигнеш. Чувај го тој пламен да гори. Најдоброто допрва доаѓа“, гласеше пораката на Роналдо до повредениот грузиски фудбалер.