Мајкл Керик добива нов договор во Манчестер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед е блиску до официјална потврда дека Мајкл Керик ќе остане постојан менаџер на тимот.

Според „Дејли Мејл“, раководството на клубот се откажало од идејата за ангажман на Андони Ираола и веќе преговара со Керик за двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.

Се очекува Манчестер Јунајтед официјално да ја објави одлуката пред последниот домашен натпревар сезонава против Нотингем Форест, по кој Керик ќе им се обрати на навивачите на „Олд Трафорд“.

Горд сум што повторно сум дел од овој клуб. За мене како поранешен играч и навивач, ова има посебно значење“, изјави Керик.

Нов договор ќе добие и помошникот Стив Холанд, кого Керик го пофали за големото искуство и влијание во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×