Дешамп ги избра фудбалерите, нема Мундијал за ѕвезда на Реал!

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, го објави списокот од 26 фудбалери за настап на Светското првенство 2026 година, а најголемото изненадување е изоставувањето на Камвинга.

Камавинга сезонава немаше континуирана минутажа во дресот на Реал, а шпанските медиуми веќе подолг период шпекулираат дека „кралскиот клуб“ е подготвен да ги разгледа понудите за негов трансфер, па тоа што остана без повик од Дешамп е само доказ дека не е на потребното ниво.

Најголемата сила на „триколорите“ и понатаму ќе биде офанзивниот дел од тимот. Нападот на Франција ќе го предводи Килијан Мбапе, а во составот се и Мајкл Олисе, Дезире Дуе, Рајан Черки, Осман Дембеле и Жан-Филип Матета.

Посебно внимание привлекува и големиот број млади фудбалери кои добија шанса, што е јасен сигнал дека Дешамп сериозно размислува за постепена смена на генерацијата во француската репрезентација.

СПИСОК НА ФРАНЦИЈА

Можно е и ова да ти се допаѓа

×