Легендарниот холандски фудбалер Весли Снајдер жестоко го искритикува полуфиналниот реванш меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Арсенал славеше со 1-0 на „Емирати“ и со вкупни 2-1 обезбеди место во финалето кое ќе се игра во Будимпешта, но Снајдер не беше импресиониран од прикажаното.
Холанѓанецот се пошегува дека натпреварот требало да биде прекинат уште на полувремето.
„Уште по 35 минути реков дека УЕФА мора да интервенира. Треба да се јават во Лондон и да кажат: двете екипи надвор од теренот, а финалето утре нека го играат Баерн и ПСЖ. Знаев дека ова ќе се случи. Атлетико се повлече и го препушти поседот, а Арсенал ја имаше топката под огромна контрола“, изјави Снајдер.
Според поранешниот ас на Интер дуелот бил далеку од спектаклот што би се очекувал во полуфинале од Лигата на шампионите.