Астон Вила ја доби голеадата со Ливерпул и се „чекира“ во ЛШ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Астон Вила обезбеди пласман во Лигата на шампионите, откако во 37. коло од Премиер лигата го совлада Ливерпул со 4-2.

Тимот од Бирмингем го потврди местото меѓу европската елита пред последното коло, додека Ливерпул си ја искомплицира ситуацијата во битката за Европа.

Морган Роџерс донесе водство за Астон Вила во 42. минута, а Вирџил ван Дајк израмни на стартот од второто полувреме. Сепак, по грешката на Доминик Собослаи, Оли Воткинс повторно ги врати домаќините во предност.

Воткинс подоцна постигна уште еден гол, а Џон Мегин во финишот стрелаше за 4-1. Во судиското продолжение Ван Дајк само го ублажи поразот на Ливерпул за конечни 4-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×