Челси го потврди трансферот на Мајк Пендерс во зделка вредна околу 20 милиони фунти, младиот голман сепак ќе почека за деби на Стемфорд Бриџ и веднаш ќе се врати на позајмица во Генк.
„Сините“ уште малку ќе можат да направат цел тим од голмани, во моентов на платен список имаат дури 10.
Последно засилување за голманската позиција е Мајк Пендерс од Генк во зделка вредна околу 20 милиони евра.
19 годишното момче стави потпис на договор до 2032 и ќе почека за своето деби на Стемфорд Бриџ бидејќи веднаш ќе се врати во Генк.
Во моментов, прв голман на Челси е Роберт Санчез, а Енцо Мареска на располагање уште ги има Филип Јоргенсен, Кепа, Ѓорѓе Петровиќ, Маркус Бетинели и Лукас Бергстром.
Габриел Слонина е на позајмица во Барнсли, Еди Бич е на позајмица во Крули Таун, а Теди Шармен Лоу е на позајмица во Донкастер Роверс.