Барселона го регистрираше Олмо (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Олмо

Името на Дани Олмо утрово се појави на списокот на Ла Лига за регистрирани фудбалери, па Шпанецот ќе може вечерва да дебитира против Рајо Ваљекано.

Заврши сагата на Дани Олмо, Барселона успеа да го регистрира фудбалерот од средниот ред и тој ќе може да дебитира вечерва на гостувањето кај Рајо Ваљекано.

Ова беше најавено уште вчера, „каталонците“ го пријавиле Кристенсен како играч кој подолго време ќе паузира поради повреда, па отвориле доволно простор за Дани Олмо да биде пријавен.

Името на Шпанецот утрово се појави на списокот на Ла Лига за регистрирани фудбалери и тој конечно ќе може да ги одигра првите минути во дресот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани