„Каталонците“ попладнево открија кои петмина играчи ќе бидат капитени во сезоната 2024/25, најмногу изненадува името на Рафиња, кој секој преоден рок се поврзува со трансфер.
По заминувањето на Серхи Роберто, Барселона го постави Марк андре тер Штеген за прв капитен.
Должноста ќе ја делат уште четворица други играчи, Роналд Араухо ќе биде втор капитен, а Френки де Јонг ќе биде трет капитен.
Големо изненадување е тоа што на листата се најдоа и Рафиња и Педри, а нема место за Роберт Левандовски.
Особено изненадува името на Бразилецот, кој секој преоден рок се поврзува со трансфер и заминување од клубот.
Ова лето често се шпекулираше и со заминување на Араухо и Де Јонг, но очигледно Барселона реши на сите да им даде голема улога во новата сезона.
© El vestidor ja ha escollit els capitans de la temporada 2024/25 pic.twitter.com/tq6P6C5Ear
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) August 23, 2024