Луис Енрике не смета на Милан Шкрињар, дефанзивецот е ставен на трансфер листа по само 12 месеци и до крајот на август треба да си најде нов клуб.
Милан Шкрињар беше еден од лидерите на Интер, ја носеше и капитенската лента, но ги разочара „нероаѕурите“ кога одби да го продолжи договорот и реши беспари да се пресели во ПСЖ.
Дефанзивецот беше примамен од предлогот на „светците“ за плата од 9 милиони евра по сезона, плус бонуси.
По пристигнувањето во Париз, тој додаде сол во раната на навивачите на Интер и рече: „Одлуката беше лесна. Кога клуб како ПСЖ сака да ве ангажира, нема што да се мислите. Ми требаа секунди да кажам ДА“.
Но 12 месеци подоцна, ситуацијата драстично се промени, Луис Енрике повеќе не смета на Милан Шкрињар и дефанзивецот е ставен на продажба
Словакот бил известен дека до крајот на месецот треба да си најде нов клуб.