Флик по дебаклот и свирежите против Монако: Во сабота се ќе биде поинаку!

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Барселона нема најдобра увертира на сезоната бидејќи претрпе пораз од Монако во Гампер Купот од 0:3.

За Барселона ова беше прв пораз во Гампер купот по 12 години кога беа поразени од Сампдорија со 1:0 во 2012 година.

Поради лошата игра на тимот од трибините можеа да се слушнат и свирежи, но тренерот Ханси Флик не е загрижен и тврди дека се ќе биде поинаку со почетокот на сезоната.

„Без разлика на се, Барселона е подготвена за новата сезона. Тоа го покажавме во Америка. Во овој натпревар со Монако видовме дека треба да корегираме одредени сегменти, но знам дека против Валенсија во првото коло се ќе биде поинаку“, изјави Флик.

Барселона против Валенсија игра во сабота во терминот од 21:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани