Напаѓачот на Борусија Дортмунд и германската репрезентација, Карим Адејеми потврди дека нема да се пресели во Јувентус.
Адејеми беше голема желба на „старата дама“, но изгледа дека од Торино не реагирале со конкретни потези.
„Многу сум среќен и сакам да продолжам да играм за Борусија Дортмунд. За мене никогаш немало дилеми дали ќе останам тука, мојот план не се променил“, изјави Адејеми.
Во редовите на Борусија, Адејеми пристигна во 2022 година од Салзбург за сума од 30 милиони евра. Со 22 години собра четири настапи за Германија и постигна еден гол, а не беше на списокот за последното Европско првенство.
Јувентус нудеше 30 милиони евра за неговиот потпис, меѓутоа Борусија одби да преговара, сега стигна и одговорот од Адејеми, па повеќе нема дилеми.