Познати премиите за мак-клубовите за европските настапи, Струга добива најмногу

by 24 фудбал
1 минути читање

Завршија настапите на македонските клубови во европските натпреварувања, односно квалификациите за истите.

Најмногу натпревари (четири) одигра Струга Трим Љум и тоа два во Лигата на шампионите и два во Конференциската лига. Од друга страна, само по два европски настапи имаа Тиквеш и Шкендија.

Според пропозициите и правилата на УЕФА, познати се премиите за трите наши европски претставници ова лето.

Струга по своите четири натпревари ќе инкасира речиси еден милион евра, осносно 960.000 евра. Од друга страна, Шкендија и Тиквеш ќе заработат по 325.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани