Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Нико Вилијамс го известил ПСЖ дека нема да се пресели во Париз ова лето.
Со одличните партии на Европското првенство, Нико Вилијамс го привлече вниманието на неколку клубови, а Барселона и ПСЖ пројавија најсериозен интерес.
Се шпекулираше дека „светците“ во обид да ја добијат битката, на Нико Вилијамс му понудиле два пати поголема плата од онаа на „каталонците“.
Но ова не било доволно за да го примамат во Париз, медиумите од Шпанија пренесуваат дека Нико Вилијамс го известил ПСЖ дека нема да им се придружи.
Сега останува да се разреши и последната дилема, дали тој до крајот на месецот ќе се пресели во Барселона, или пак ќе остане во Атлетик Билбао, во моментов се чини дека е поблиску до Сан Мамеш, отколку до Камп Ноу.