153
Новиот напаѓач на италијанскиот првак Интер, Мехди Тареми се повреди за време на подготовките за новата сезона.
Иранецот блесна на подготвителните натпревари, постигна пет погодоци на три одиграни меча, а потоа заработи повреда. Се работи за повреда од мускулна природа и поради тоа ќе мора да паузира неколку седмици.
Поради тоа, Тареми е под ризик да го скокне стартот на новата сезона во Серија А. Интер во првото коло ќе игра против Џенова за две седмици.
Тоа може да биде проблем за Симоне Инзаги, бидејќи на продолжен одмор е Лаутаро Мартинез, па единствен напаѓач за првата рунда кој е фит ќе биде Маркус Турам.