Возбудлив натправар со драматичен крај на Френдс Арената во Стокхолм,
домаќините се радуваа на победа со гол од половина терен во 93. минута.
Жиру со прекрасен погодок го отвори резултатот во 37. минута, но Шведска
изедначи само пет минути подоцна преку Дурмаз.
Во вториот дел, двете репрезентации имаа по неколку добри шанси, но мрежите
мируваа.
И кога се чинеше дека средбата ќе заврши без победник, голманот на Франција
сам си го искомпликува животот и им подари победа на Швеѓаните.
Хуго Лорис лошо расчисти една вратена топка па Тоивонен од половина терен во 93. минута погоди за 2-1 и огромна радост на Шведска.
На преостанатите два натпревари од Групата А, Белорусија со 2-1 ја совлада Бугарија, а Холандија со 5-0 славеше над Луксембург.