Нејмар објави снимка и се потсети на луда вечер од времето во Барса: Со Суарез и Меси бевме мртви пијани (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Нејмар се присети на едни од најинтересните моменти од времето кога заедно со Лионел Меси и Луис Суарез го носеа дресот на Барселона.

Бразилецот сподели стара снимка од својата приватна архива на која Меси видно расположен танцува по победа во Лигата на шампионите. Видеото веднаш привлече внимание, особено поради опуштеното издание на аргентинската ѕвезда.

„Погледнете го Меси, танцуваше. Суарез, Меси и јас бевме мртви пијани“, низ смеа се присети Нејмар.

Тројцата беа познати како легендарното трио МСН и оставија огромна трага во историјата на Барселона. На теренот беа исклучително ефикасни, а надвор од него ги поврзуваше големо пријателство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×