Неколку извори пренесуваат дека ПСЖ стапил во контакт со Баерн Минхен и опипал терен за трансфер на Џошуа Кимих, „баварците“ им соопштиле која е цената на Германецот.
ПСЖ напорно работи на ангажман на Жоао Невеш од Бенфика, но паралелно се водат преговори и за ангажман на уште еден фудбалер од средниот ред.
Неколку извори попладнево објавија дека „светците“ стапиле во контакт со Баерн Минхен и се распрашувале за трансфер на Џошуа Кимих.
„Баварците“ се отворени за продажба и го известиле ПСЖ која е цената на Германецот (во моментов нема информации за точната сума).
Па сега на потег е шампионот на Франција, кој ќе треба да одлучи дали ќе тргне по потписот на Џошуа Кимих.
„Светците“ на ум имаат и други имиња, како Џерди Шутен од ПСВ.