Барселона е силно заинтересирана за ѕвездата на Атлетик Билбао и шпанската репрезентација, Нико Вилијамс, но Каталонците сега имаат конкуренција од ПСЖ.
22-годишниот фудбалер сака трансфер во Барселона, но преговорите траат долго. Тој во договорот со Билбао има откупна клаузула од 58 милиони евра.
Нико Вилијамс има ветување од Барселона дека трансферот ќе се реализира наскоро, но уште е нејасно дали каталонскиот клуб е финансиски моќен за таа зделка.
Во меѓувреме ПСЖ стапил во контакт со Нико Вилијамс и го убедува фудбалерот дека тие се вистинското место за него.
Интерес за Вилијамс има и од Арсенал кој го чека развојот на ситуацијата со Барселона.
Вилијамс засега ја преферира Барселона, но прашање е уште колку долго ќе чека.