145
Македонскиот интернационалец Сефер Емини потпиша нов договор со данскиот клуб Сондерјиске кој од оваа сезона се натпреварува во Суперлигата. Минатата година Сондерјиске беше првопласиран во второлигашкото друштво, а денес на кам-бекот во елитата загуби со 1-0 од Силкеборг.
Непосредно пред првото коло во првенството, Емини стави потпис на нов договор со клубот. Младиот македонски фудбалер потпиша договор на три години со Сондерјиске, а тоа го потврди клубот на својот веб-сајт.
Досега Сефер Емини има 57 одиграни натпревари за Сондерјиске, со десет гола за клубот. Во данскиот колектив освен Емини настапува поранешниот младински репрезентативец Иван Николов.