Официјално: Тареми е нов напаѓач на Интер, прв Иранец кој ќе го носи дресот на нероазурите!

by riste
1 минути читање

Интер го потврди ангажманот на иранскиот напаѓач, Мехди Тареми кој по одличниот период во Порто, започнува нова авантура.

Тареми како слободен играч се пресели во Интер, тој стави потпис на договор до јуни 2027 година, според кој ќе заработува 4 милиони евра годишно.

Тој стана првиот Иранец кој заиграл за Интер.

Тареми ја става кариерата пред парите. Во летото 2023 година одби понуда од Саудиска Арабија вредна 35 милиони евра по сезона. Сега прифати да игра за Интер за неспоредливо помала сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани