Изминатиов период имаше многу гласини за тоа дали Манчестер Сити и Жирона, односно Манчестер јунајтед и Ница ќе можат да настапат заедно во Европа поради тоа што имаат исти сопственици.
Попладнево УЕФА ги реши сите дилеми, и соопшти дека клубовите добиле зелено светло. Сепак, постојат серија услови по кои ќе се водат сите инволвирани страни.
Како прво, Сити Груп и ИНЕОС ќе мора својата сопственост во Жирона, односно Ница да му ја препуштат на независен управител.
Како второ, Манчестер Сити и Жирона, како и Манчестер јунајтед и Ница, нема да можат да си продаваат или позајмуваат фудбалери (директно или индиректно) од јули 2024, до септември 2025, ова нема да важи само за зделки кои веќе биле договорени пред да започне постапката.
Исто така, на клубовите им забрането да ги делат собраните информации за скаутинг и играчи.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.