Челси повторно краде фудбалер: Со 30 милиони го купи клучниот играч на Мареска минатата сезона

by bojan
1 минути читање
Друсбери Хол

Голем број на извори пренесуваат дека Челси и Лестер договориле трансфер на Кирнан Дусбери Хол вреден 30 милиони фунти, фудбалерот од средниот ред минатата сезона беше клучен играч на Енцо Мареска во Лестер.

„Сините“ договорија ново засилување, синоќа си подале рака со Лестер за трансфер на Кирнан Дусбери Хол.

Фудбалерот од средниот ред беше многу блиску до потпис со Брајтон, но се предомисли кога му се укажа шанса да му се придружи на Енцо Мареска на „Стемфорд Бриџ“.

25 годишниот Англичанец сега треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да се обврзе кон „сините“ до 2030.

И покрај тоа што Челси има доста опции во средниот ред, раководството на клубот смета дека левоногиот Друсбери Хол, кој минатата сезона беше клучен играч на Енцо Мараска во Лестер, е идеално засилување за стилот на игра кои тие се обидуваат да го наметнат.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани