„Ѓаволите“ се приморани да разгледуваат алтернативи откако Евертон побара 70 милиони фунти за продажба на Џаред Брантвајт, на листата има четири имиња.
Манчестер јунајтед ова лето планира да ангажира нов дефанзивец, и прв избор им беше перспективниот Џаред Брантвајт од Евертон.
Се говори дека клубот од Олд Трафорд брзо се договорил со Англичанецот, но Евертон нема намера лесно да се откаже од својата млада ѕвезда.
„Ѓаволите“ доставиле понуда од 35+10 милиони фунти, која била експресно одбиена, „карамелите“ бараат најмалку 70 милиони фунти за продажба.
Сер Џим Ратклиф нема намера да одвои волку висока сума, па Манчестер јунајтед разгледува други алтернативи.
На листата има четири имиња, односно Матајс Де Лихт од Баерн Минхен, Жан Клер Тодибо од Ница, Марк Геи од Кристал Палас и Лени Јоро од Лил.