Барселона нема пари да им даде плата на фудбалерите!

by bojan
1 минути читање
Барселона

Финансиската ситуација на Барселона е многу полоша од она што сака Жоан Лапорта да го прикаже, клубот од Камп Ноу нема пари да им даде плата на фудбалерите, па ќе подигне заем од 100 милиони евра.

„Каталонците“ беа силно погодени од пандемијата на ковид-19, па мораа да продаваат имот и средства за да го покријат големиот минус.

Жоан Лапорта порачува дека се гледа светло на крајот од тунелот и тие повторно ќе им конкурираат на ривалите за потписот на најдобрите играчи, но весникот АРА вели дека ситуацијата е всушност многу полоша од она што сака да го прикаже претседателот на клубот.

АРА појаснува дека платите на фудбалерите се исплаќаат во два трансакции, првата во јануари и втората во јуни.

И Барселона во моментов нема пари за да изврши исплата овој месец, односно нема доволно средства за вкупната сума која изнесува околу 250 милиони евра.

Весникот додава дека Жоан Лапорта и неговите соработници работат напорно да обезбедат нов заем од околу 100 милиони евра за да можат да пуштат плата на фудбалерите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани