Читателите на
швајцарски „Блик“ решија кому ќе му припадне наградата за играч на месец април
во тамошниот шампионат.
Според информациите
кои ги пренесува весникот, нашиот интернационалец од редовите на суперлигашот
Лугано освоил 31.7 проценти од вкупно десетте илјади гласови.
Алиоски погоди на
сите пет натпревари за својот тим минатиот месец, а неговата екипа се замеша во
врвот на табелата, со тоа што ќе мора да го брани четвртото место кое води во
квалификациите за Лига Европа.
Македонскиот
репрезентативец со 16 погодоци е втор стрелец во елитното суперлигашко друштво,
веднаш зад францускиот интернационалец од редовите на Јанг Бојс, Гијом Оаро
(18).
Следен предизвик
за Алиоски и Лугано е утрешното гостување кај Сион, еден од трите ривали заедно
со Луцерн за излез во Европа.