Легендата на „ѓаволите“, Сер Алекс Фергусон сака да во види Маурисио Покетино како наследник на Ерик тен Хаг.
Сер Џим Ратклиф и неговите соработници ја завршуваат анализата на сезоната и наскоро ќе пресечат дали да се разделат со Ерик тен Хаг, или пак да го задржат стратегот од Холандија.
Во исто време, се разговара со потенцијални кандидати за нов тренер и се опипува терен за нивен ангажман.
Преговорите со Томас Тухел не прогресирале, Германецот сигурно нема да се пресели на Олд Трафорд, а наскоро се очекува на маса да се седне и со Роберто Де Зерби.
Манчестер јунајтед разгледува и други опции, Сер Алекс Фергусон советува да биде ангажиран Маурисио Покетино.
Легендата на „ѓаволите“ е голем фан на работа на Аргентинецот и сака да го види на клупата.